Германскиот репрезентативец Андреас Вулф, по пет сезони минати во Келце, се врати таму од каде што дојде – во Кил.
Вулф го бранеше голот на „зебрите“ од 2016 до 2019, но тогаш Никлас Ландин ја имаше главната улога. Сега се враќа во Кил и потпиша договор до 2028 година, а неговиот трансфер е најскапиот во историјата на ракометот.
„Среќен сум што се враќам во Кил. Ги познавам градот, клубот, соиграчите и навивачите. Сите кои се вложија во моето враќање, направија да се чувствувам дека ја правам вистинската работа. Разговорите со Виктор Силаѓ и Филип Јиха м убедија дека нашата заедничка мисија во Кил повторно треба да започне. Кил е мојот дом, сакам да се натпреварувам со најдобрите тимови во светот секоја недела. Го сакам притисокот што го има во Кил и во Бундес лигата. Тоа што ќе се натпреварувам против најдобрите на секој натпревар ќе ме направи уште посилен“, изјави Вулф.
Тој имаше договор со Келце со 2028 година, но Кил плати оштета од 1,6 милиони евра да го донесе назад, а полскиот клуб ќе заработи и бонуси ако „зебрите“ освојат титула во следните четири сезони.
РЕКОРД: Трансферот на Вулф во Кил вреди повеќе од 4 милиони евра!