Селекцијата на Ангола, која на последните 18 изданија на Африканските шампионати, освојуваше 15 злата, на Олимписките игри во Париз патува со најсилниот ростер.
Шпанскиот стратег Карлос Вивер кој ја води Ангола ќе се обиде да им ги замрси сметките на фаворитите и да го повтори најголемиот успех – четвртфиналето од ОИ во Рио во 2016 година.
Вивер ќе ги има на располагање пивотот Албертина Касома од Рапид Букурешт, потоа бековите Азенаиде Карлос, Хелена Пауло…
Анголките ќе бидат во група со Бразил, Франција, Шпанија, Холандија и Унгарија на олимпискиот турнир што стартува на 25 јули.