Германскиот гигант Кил објави дека е постигнат договор со чуварот на мрежата Андреас Вулф, кој доаѓа од полскиот Келце.
Вулф имаше договор со Келце до 2028 година, но „зебрите“ платија оштета и ги обезбедија услугите на Вулф за следните четири сезони, односно до 2028 година.
Долго време се шпекулираше за трансфер на Вулф во Магдебург, но од тоа нема ништо, но тука се појави Кил и го врати голманот дома.
Сега Келце останува со Милош Валах и Сандро Мештриќ на голманската позиција, па ќе мора да бара ново решение.
Вулф во Кил ќе формира трио со Самир Беласен и Томаш Мрква, но веројатно некој од Французинот и Чехот ќе замине ова лето, иако имаат актуелни договори.