Селекторот на машката репрезентација на Норвешка, Јонас Виле, го објави скратениот список на ракометари што ќе играат на Олимписките игри во Париз.
Виле од претходно беше јасно дека нема да смета на Магнус Род и Кент Робин Тонесен, па на десен бек ќе ги има Рајнкинд и Сетерблом.
Тука се уште четворица бекови кои ќе ротираат на левата и средна позиција – Сагосен, Лисе, O’Саливен и Грондал.
Бјорнсен е единственото десно крило, додека на левата страна ќе играат Бартолд и Блонц. Пикерското трио е Гулеруд, Оверби и Ага, додека голманската двојка ја сочинуваат Бергеруд и Северас.
Норвежаните ќе одиграат два тест меча со селекцијата на Шпанија пред ОИ.