Кружниот напаѓач Марко Трајковски е најновото засилување за новиот суперлигаш Бисинов од Велес, кој ќе дебитира во елитното натпреварување.
Трајковски е поранешен репрезентативец на Македонија во младинските категории, а има искуство од настапите низ повеќе суперлигаши.
Тој беше член на екипите на Пролет, Бутел, Јуниор КВ, Тиквеш, Прилеп, а последните две сезони ги мина во Голден Арт.
Претходно велешани ги договија левиот бек Тоше Ончев, како и крилата Зоран Стојановски и Мартин Димов.
Нови договори потпишаа голманите Никола Манев и Антонио Митревски, кои заедно со искусниот Славјан Паунов ќе го сочинуваат голманското трио.
Во Велес ќе остане и левиот бек Виктор Трифуноски, а од претходно договорите ги продолжија Филип Сиљанов, Илија Табаков, Никола Димитров и Александар Стојменов.