Покрај активната работа околу играчкиот кадар во сениорската екипа, раководството на Куманово мисли и на иднината и на младинските селекции.
Потпишани беа договори со 17-годишните Тино Стојановски, Јован Насевски, Наум Богдановски, Сергеј Крстевски и 16-годишниот Христијан Вуичевски, кои минатата сезона пружија одлични партии во младинските лиги под водство на тренерите Аце Станковски и Христијан Димковски.
Дел од нив беа во составот на некои натпревари и на сениорската екипа, а клубот со нив има долгорочни планови.
Куманово ги договори левиот бек од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер, Благој Христовски, потоа младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпишаа Христијан Крстаноски и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.
Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ. Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов.