Репрезентацијата на Франција го освои златото на Светското младинско првенство во Македонија, откако во денешното финале славеше над Унгарија со 29:26 (14:13).
Двете репрезентации на ракометните љубители во СЦ „Борис Трајковски“ им понудија возбудлив натпревар, а во финишот повеќе среќа имаа „триколорките“.
По завршување на финалниот дуел беа доделени медалите на најдобрите три репрезентации и прогласени најдобрите играчи.
Во Ол Стар тимот место имаше за три репрезентативки од Франција, две од Унгарија и по една од Данска, Исланд и Холандија.
Најдобар стрелец на Светското младинско првенство 2024 е репрезентативката на Црна Гора, Јелена Вукчевиќ, со 74 гола.