Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, дополнително повика уште еден ракометар на подготовките за Олимписките игри во Париз.
Откако остана без левото крило Давид Мандиќ, а го повика Ловро Михиќ, сега дополнително го повика и средниот бек од Извиѓач Љубушки, Ивано Павловиќ.
Тој ќе ја зголеми конкуренција на средната бековска позиција каде што се Домагој Дувњак и Лука Циндриќ, но го нема Игор Карачиќ.
Павловиќ треба да биде едно од новите засилувања во Загреб ова лето, но неговиот трансфер се уште не е потврден официјално.
Хрватите ќе тестираат против Египет во Вараждин, како и против домаќинот Франција во Шарт пред стартот на ОИ.