Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра својот последен натпревар на Мундијалот во Скопје.
Ривал на избраничките на селекторот Дарко Јанев во битката за 15 место на СП ќе биде репрезентацијата на Кина.
Јанев избра 16 ракометарки за дуелот со азискиот ривал, а во составот ги нема Хана Мифтари и Бојана Радевска. Шанса за настап ќе добијат Росана Павлова и Сара Богојеска.
Натпреварот меѓу Кина и Македонија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 15:30 часот.