Поранешниот македонски првак Вардар во идната сезона ќе мора да игра без капитенот Ивона Трпевска.
Ракометарката што може да игра на двете крилни позиции, во иднина многу веројатно ќе се проба и на меѓународна сцена.
Таа беше два пати во идеалниот тим на колото на Женската лига во изборот на 24Ракомет, а беше и во потесна конкуренција за тимот на сезоната.
Трпевска беше втор стрелец во лигата и успеа да постигне 195 погодоци, а беше убедливо најдобра во „црвено-црниот“ тим.
Покрај Трпевска, Вардар остана и без Бојана и Борјана Коцеви, па ќе изменет тим во наредната сезона.