Принудна промена во репрезентацијата – Јанев повика нова ракометарка

Женската младинска репрезентација на Македонија во првото коло на Светското првенство без проблеми славеше над САД со 32:15.

Средниот бек Борјана Коцева за време на натпреварот, односно во 11 минута, заработи повреда и мораше на носилки да биде изнесена од теренот.

Селекторот Дарко Јанев направи принудна промена и повика нова ракометарка за понатамошниот дел од младинскиот Мундијал.

Во комбинација за настап на следните натпревари ќе биде средниот бек на Илинден Вардар, Ева Ѓорѓиевска.

Македонија утре против Исланд ќе го одигра вториот натпревар на Светското првенство, додека на 22 јуни против Ангола ќе го има последниот дуел од групната фаза.

🎥Пех за Македонија – Коцева на носилки изнесена од теренот