Maкедонец ќе го води шампионот на Косово!

Македонскиот стратег Горан Андоновски ќе го има првиот ангажман во странство и ова лето ќе го преземе шампионот на Косово.

Андоновски седнува на клупата на Раховец, клуб што ја прекина долгата низа титули на Беса Фамгас и има големи амбиции.

Охриѓанецот кој минатата сезона работеше во младинските категории на матичниот клуб, во Раховец го заменува Верим Жерка, кој исто како и Андоновски, своевремено играше за Вардар.

Андоновски во Македонија со успех ги водеше Охрид и Тиквеш по повеќе наврати, а сега ќе го има првиот интернационален предизвик.