Откако ги продолжи договорите со Симона Василева и Андреа Илиќ, а ја донесе и Јасмина Попова, раководството на Вардар продолжи да работи на играчкиот кадар за следната сезона во Женската лига.
Четири младински репрезентативки на Македонија – крилата Леона Миленкоска и Бојана Радевска, пивотот Нина Попова и голманката Вероника Ѓорѓиевска и во иднина ќе го носат дресот на Вардар.
Тие ставија потписи на новите договори и тренерот Анжела Платон ќе може да смета на поголемиот дел од екипата од минатата сезона.
Уште пет ракометарки продолжуваат и понатаму во дресот на Вардар, а тоа се Михаела Велјановска, Нина Милевска, како и Дафина Соколовска и сестрите Ива и Ивона Кимовски.
Голема загуба за Вардар е заминувањето на сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои се преселија во градскиот ривал Металург Автокоманда.