На претстојното Светско клупско првенство во Египет ќе играат вкупно девет екипи, од кои три европски.
Тоа се европскиот првак Барселона, актуелниот бранител на титулата на Супер Глоуб – Магдебург, како и ПСЖ кој доби вајлд-карта.
Европскиот вицепрвак Алборг не доби покана за учество, и ќе биде првпат по 2019 година кога нема да игра второпласираниот тим од Европа.
Покрај трите европски екипи ќе играат и африканскиот првак Ал Ахли, азискиот шампион Ал Калеј, потоа Замалек како претставник на организаторот, како и шампионот на Средна и Јужна Америка, Таубате од Бразил.
Преостанатите две места ќе бидат пополнети со шампионот на Северна Америка и Кариби, како и првакот на Океанија.
Светското клупско првенство е закажано во Египет од 27 септември до 3 октомври.