Црногорскиот репрезентативец и екс член на Металург, Василије Калуѓеровиќ, ќе има нов предизвик во својата интернационална кариера.
Левиот бек одлучи да ја промени клупската средина во Кувајт и во иднина ќе го носи дресот на Ал Кураин.
25-годишниот ракометар во изминатата сезона настапуваше за Ал Кадсија, во овој клуб дојде како големо засилување од германскиот Постдам.
Калуѓеровиќ во својата интернационална кариера настапуваше и за босанскиот Извиѓач и Гуиф од Шведска, додека во својата татковина го носеше дресот на Ловќен.
Пред извесен периос со новиот клуб на Калуѓеровиќ потпиша и репрезентативецот на Австрија, Борис Живковиќ.