Словенечкиот великан Целје и европски првак од пред 20 години, бара нов стратег преку социјалната мрежа „LinkedIN“!
По неуспешната сезона на домашно тло, во која останаа без шампионска титула, а не освоија ниту Куп трофеј, како и по 14 порази на 14 меча во Лигата на шампионите, раководството се реши за друг пристап во барање на предводник.
Следува голем ремонт во тимот, а по тренерот Алем Тоскиќ, клубот се раздели со хрватскиот пивот Рок Мариќ, па повремените словенечки репрезентативци Игор и Стефан Жабиќ, а сигурно ќе има и други заминувања.
Целјани во постот на LinkedIN наведоа кои квалификации треба да ги има новиот стратег, а досега се пристигнати 120 пријави.
Управниот Одбор на клубот во потесна конкуренција има дваесетина пријави, веќе направи одредени интервјуа и разговори со потенцијалните кандидати и лично и онлајн, па ќе бира меѓу 3-4 за позицијата тренер до крајот на оваа недела.