По завршувањето на сезоната, поголемиот дел клубови се активираа на домашниот пазар и веќе започнаа со ангажирање на нови играчи.
Еден од најперспективните ракометари, левиот бек Теодор Тодески, ќе остане во Скопје, но ќе има нов клуб, дознава 24Ракомет.
Прилепчанецот, кој на своја адреса имаше понуди од речиси половина суперлигашки клубови, се сели во Бутел.
Двометрашот беше блиску до договор со Куманово и во последен момент пресуди подобрата понуда од страна на бутелци. Интерес имаше и од Охрид и од новиот суперлигаш Бисинов, но на крајот Тодески ќе заигра во составот на Горан Кузманоски.
Тодески во штотуку завршената сезона беше дел од младиот состав од Автокоманда, но овој тим испадна во Првата лига, па левиот бек одлучи да остане во елитата.