Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на 24 јули ќе ги стартува подготовките за новата сезона, во која ќе има задача да ја одбрани титулата, а ќе игра и на меѓународна сцена во Лигата на шампионите или Лигата на Европа.
Пелистерци ќе ја брусат формата на традиционалните турнири во Струга од 14 до 17 август и во Добој од 28 август до 31 август, каде ќе бидат одиграни седум натпревари пред стартот на новата сезона.
Битолскиот тим на крајот на сезонава се раздели со седум ракометари – голманите Марко Кизиќ, Урбан Лесјак и Калифа Гедбан, како и Марио Танкоски, Руди Сери, Матеуш Пиеховски и Денис Василев.
Досега промовирани засилувања за голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ, како и пивотот Кајо Цикатиќ, а соработките беа продолжени со словенечкиот десен бек Нејц Цехте и српското десно крило Богдан Радивојевиќ.