Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска во новата сезона ќе ги брани боите на италијанскиот тим Салерно.
Петковска минатата сезона имаше одлични партии во грчкиот шампионат за АЕК Атина, но и за националниот тим на Македонија, кои беа забележани од повеќе клубови.
Таа се реши да ја прифати понудата на италијанскиот клуб и во следната сезона ќе го брани голот на Салерно.
27-годишната голманка кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера во Данска.
Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина и за израелскиот Макаби Ришон Ле Зион.
Со Вардар беше дел од Лигата на шампионите, а со вториот тим на „црвено-црните“ настапуваше во тогашниот Челинџ Куп.