Еден од најдобрите странски ракометари што беше дел од Бутел Скопје, Владимир Јевтиќ, по четири сезони ќе има нов предизвик во кариерата.
Кружниот напаѓач, кој беше меѓу лидерите на Бутел минатите сезони, одлучи да се врати во татковината и да го облече дресот на Врање.
Овој тим што е предводен од селекторот на младинската репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ, обезбеди опстанок во српската елита преку бараж натпреварите.
По настапите за романската Решица и Бутел, Јевтиќ се враќа дома каде што ги носеше дресовите на Металопластика, Пролетер Зрењанин и Железничар Ниш.