Ракометарот на Мулти Есенс, Димитар Узунчев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 13. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Младинскиот репрезентативец на Македонија игра одлично на клупско ниво оваа сезона и има висока реализација на сите натпревари.
Узунчев беше стрелец на 14 погодоци во триумфот на неговиот тим на гостувањето кај Скопје со 40-35.
На гласањето Узунчев освои околу 51%, додека негов главен конкурент беше Ненад Белистојаноски, кој имаше околу 44% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Номинирани за МВП на 13. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Марјан Велков, Стефан Петриќ, Мартин Ивановски, Цветан Кузманоски и Томислав Квастек.