Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Арсеновски, кариерата од лето ќе ја продолжи во друга екипа.
На кружниот напаѓач му заврши соработката со тимот на Пролет и двете страни ќе си продолжат по својот пат.
Арсеновски, кој во Македонија играше за Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер 2, има и интернационално искуство во швајцарската Амичитија Цирих.
Во Пролет дојде минатото лето и беше меѓу најважните алки во играта на тимот предводен од Александар Јовиќ.
Покрај од македонски екипи, за Арсеновски има интерес и од странски тимови, па би можел одново да стане интернационалец.