Еден од најдобрите хрватски репрезентативци Тин Лучин, претстојното лето би можел да се врати во татковината.
Левиот бек што стана шампион на Полска со Висла Плоцк, најверојатно ќе го засили тимот на Нексе Нашице, пишува „Германијак“.
Лучин би требало да биде првото големо засилување за Нексе, кој се обидува одново да состави конкурентен тим и да го симне Загреб од тронот.
Ова лето од Нашице заминуваат Прибетиќ во Штутгарт, Кузмановиќ во Гумерсбах, Вејин во Олимпијакос…а наскоро ќе биде познато и кои други ракометари ќе си одат.
Лучин потекнува од Козала, беше дел од Замет и Загреб, пред во 2019 година да замине во Адемар Леон, од каде во 2021 година се сели во Висла Плоцк.