ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ГОЛМАН

Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.

Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.

Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.

Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

Најдобар голман на сезоната:

Даниел Ѓорѓески (Охрид) – Се покажа како големо засилување во амбициозниот тим на Стевче Алушовски и на неколку важни дуели беше човек на одлука.

Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер) – Словенечкиот репрезентативец бранеше најмногу кога требаше, освен на домашна сцена, одлични партии имаше и во Лигата на шампионите.

Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Веќе неколку сезони брани на високо ниво и во повеќе наврати покажа дека е еден од најдобрите голмани во македонската елита.

Благојче Трајкоски (Алкалоид) – Прилепчанецот втора година по ред е еден од преводниците на тимот од Автокоманда и втора година по ред се најде во изборот за најдобар голман.

Мартин Томовски (Вардар) – Македонскиот репрезентативец, кој на лето се враќа во Бундес лигата, брани во одлична форма во текот на целата сезона.

За најдобар голман на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)