Ракометарките на Чаир со победа ги завршија натпреварите во Женската лига, откако славеа кај Астибо со 43-25.
Победникот беше решен уште по првиот дел, кога избраничките на Басри Латифи водеа со 23-10, а второто полувреме беше само формалност.
Домаќинките ја имаа расположената Марија Анчева, која постигна 12 погодоци, но не можеше само против квалитетниот гостински состав.
Во редовите на Чаир се истакнаа Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола, како и Јасмина Попова и Билјана Дамчевска со по седум.
Чаир ја завршува сезоната на второто место, иако има ист број на бодови со Металург Автокоманда, но подобар скор во меѓусебните средби. Заедно со пласманот во финалето на Купот и второто место во првенството, Чаир ја остави најдобрата сезона во историјата зад себе.