Актуелниот шампион на Србија, Војводина, на лето ќе претрпи неколку измени во ростерот, па така раководството на клубот веќе се активираше на трансфер пазарот.
Според пишувањата на порталот „Балкан Хендбол“, репрезентативецот на Бразил, Жоао Силва, во следната сезона ќе настапува за амбициозниот клуб од Нови Сад.
Искусниот ракометар игра на позицијата среден бек и во составот на Борис Ројевиќ ќе пристигне од романскиот суперлигаш ЧСМ Букурешт.
30-годишниот среден бек во својата кариера настапуваше за екипите на Адемар Леон, Шамбери, Стеуа Букурешт, Бенфика, Динамо Букурешт, Пунети Хенил, како и за вториот тим на Барселона.
Војводина во ланската сезона го освои трофејот во ЕХФ Купот, додека во оваа сезона се пријави за настап во Лигата на Европа и успеа да ја мине само групната фаза.
Клубот на лето ќе го напуштат неколку играчи, а еден од нив е Живан Пешиќ, кој потпиша за македонскиот суперлигаш Охрид.