Играше за Веспрем, Целје, Нексе…на лето доаѓа во Охрид!

По голманот Градимир Чаневски, тимот на Охрид донесе уште едно засилување за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Станува збор за повремениот српски репрезентативец Живан Пешиќ, член на шампионот Војводина, кој на почетокот на оваа недела го стави потписот на договорот со „гладијаторите“.

30-годишниот кружен напаѓач треба да биде големо засилување за охриѓани за наредната сезона, за која се на чекор до место во европските купови.

Пешиќ потекнува од Синтелон, па играше за Веспрем и Ѓер во Унгарија, потоа се врати во Србија каде беше дел од Партизан и Војводина.

Од 2017 до 2019 година беше член на шпанскиот Адемар Леон, потоа играше две сезони во Нексе, па една во израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион, пред во 2022 да се врати во Нови Сад.