Шпанскиот шампион Барселона „доби“ засилување за завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.
Стратегот Карлос Ортега ќе смета на словенечкиот плејмејкер Домен Макуц, кој се враќа на терените и за првпат ќе заигра сезонава.
Макуц се повреди на турнирот во Добој, ги скина лигаментите и паузираше околу девет месеци.
На последната средба од Асобал лига, против Уеска, Барса славеше со 41-29 и ја доби титулата во „Блауграна“, а Макуц доби минутажа.
За каталонскиот гигант и Макуц следува уште гостински меч со Сагунто, потоа завршниот турнир од Копа Дел Реј, а на 8 и 9 јуни настапот во „Ланксес Арена“.