Се зголемува бројот на „баратели“: И Швајцарија се надева на вајлд-карта за СП

По Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, уште една европска земја испрати барање до Светската ракометна федерација за добивање на вајлд-карта за СП 2025.

Швајцарците беа на чекор до пласман на Мундијалот, откако славеа на гости кај Словенија, но потоа дома загубија со ист резултат од еден разлика и на пенали беа елиминирани.

„Ако се базираме на спортските перформанси на оние што не се пласираа, јасно е дека Швајцарија мора да добие вајлд-карта за СП по одличните два меча со Словенија. Ние ќе зборуваме со Хасан Мустафа и ќе направиме се што можеме за да играме на Мундијалот“, велат од швајцарската федерација.

Мундијалот во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, Македонија се квалификуваше, а ривалите ќе ги дознае на 29 мај.