Кузмановски: Одигравме максимално, а публиката беше нашиот осми играч

Mашката репрезентација на Македонија славеше со 34-26 на реваншот од бараж двомечот против Фарски Острови и се пласираше на Светското првенство 2025 година.

Шутерски расположен на денешниот натпревар беше Филип Кузмановски, кој ги сподели првите импресии по обезбедениот пласман на Мундијалот.

,,Многу сум среќен, емоциите се големи, едноставно посакувам целата Македонија да биде во моето срце, да види што чувствувам и колку сум среќен што се квалификувавме на СП после таков тежок меч на Фарски Острови. Честитки за мојата репрезентација, максимално бевме посветени, добро анализиравме и со поддршка успеавме. Во нападот одигравме максимално, без многу технички грешки, без избрзани шутеви, бевме максимално мотивирани, уште еднаш ќе кажам, многу сме среќни, честитки до сите колеги и нашиот стручен штаб. Фарски Острови се млада репрезентација, не сакав да изгубиме од нив, не сакам да потценам никој, но тие имаат по 20 години, нема да си дозволам во Македонија да изгубам од таа возраст и максимално бев мотивиран денес, на крај се радуваме, имаме мал простор да прославиме и одиме напред”, изјави Кузмановски.

Македонија ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката на 29 мај од 17:30 часот во Загреб и тогаш ќе биде познато во кој град ќе игра на Мундијалот.

Мундијалот 2025 ќе се игра во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.

Костески: Публиката и ние бевме како едно!

Лазаров: Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот

 

Македонија деветти пат дел од СП

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НА МУНДИЈАЛОТ ВО 2025!