Овче Поле триумфално низ Велес

Тимот на Овче Поле останува на првата позиција во прволигашкиот плеј-аут, откако во натпревар од 11. коло славеше над Борец со 35:26.

Домашниот тим натпреварот го загуби уште во првото полувреме, па така вториот дел повеќе беше формалност.

Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Виктор Ристовски и Димитрија Крстев.

Во домашниот табор најефикасен беше Јован Атанасовски, кој во мрежата на гостите имаше 12 успешни реализации.