По убедливиот пораз од селекцијата на Фарски Острови, уште еден проблем имаше македонската репрезентација во Торшавн.
Иако беше планирано веднаш по мечот, македонската експедиција да тргне за Скопје и да слета околу 05 часот утринава, сепак тоа не се случи.
Поради густата магла на Фарски Острови, летот беше одложен за денеска во 10:00 часот, а попатната станица наместо Хамбург, овојпат ќе биде градот Ерфурт во Германија.
Во Скопје, македонската експедиција би требало да пристигне некаде околу 16:00 часот.
Реваншот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот, а избраниците на Кире Лазаров ќе имаат тешка задача да надополнат негатива од седум погодоци.