Актуелниот шампион на Полска, Келце, кој не успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Келн, активно работи во пронаоѓањето нов десен бек за следната натпреварувачка сезона.
Според пишувањата на рускиот портал „Брз Центар“, екс ракометарот на Вардар, Хорхе Македа, е меѓу потенцијалните засилувањата на десната бековска позиција во тимот предводен од Талант Душебаев.
Македа во последните две сезони настапува за Нант, а откако го напушти Вардар играше за двата најдобри тимови од Унгарија – ПИК Сегед и Веспрем. Иако има 36 години, се уште игра во одлична форма.
Шпанецот во месец декември минатата година го продолжи договорот со Нант на уште една сезона, па доколку Келце го посакува искусниот ракометар, тогаш ќе мора да плати оштета.
Келце претходно поптиша договор со репрезентативецот на Унгарија, Доминик Мате, но 25-годишниот ракометар за време на Европското првенство 2024 доживеа тешка повреда и ќе паузира подолг временски период.