Македонската експедиција замина за Торшавн

Македонската експедиција денеска околу 09 часот отпатува за Торшаван, каде го игра првиот бараж натпревар против Фарски Острови за пласман на СП 2025.

Со попатна станица Хамбург околу 11 часот поради дополнување на гориво и половина час пауза, авионот продолжува до конечната дестинација.

Нашите ракометари би требало да пристигнат околу 15 часот по македонско време во главниот град на Фарски Острови.

Селекторот Кире Лазаров се реши на пат да ги поведе сите ракометари што се во конкуренција за настап, 21, а утре ќе биде познато кои 16 ќе настапат.

Првиот меч меѓу Фарски Острови и Македонија се игра утре oд 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот.