Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од двомечот меѓу Македонија и Фарски Острови за место на СП 2025.
На првиот меч што ќе се игра на 8 мај од 20:00 часот во Торшавн ќе судат Германките Мајке Мерц и Тања Кутлер, додека делегат е Марек Горалчик од Полска.
На реваншот во Скопје, што ќе се играат на 12 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, ќе судат Турците Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат е Јанко Пожежник од Словенија.
Мундијалот ќе се одигра во пет града низ Хрватска, Данска и Норвешка во јануари 2025 година.