Македонско славје во Турција, Коњалти го грабна трофејот во Купот

Македонските репрезентативки Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска се радуваа на трофеј во Купот на Турција.

Нивниот тим Коњалти славеше во финалниот натпревар на Ф4 во Купот против составот на Јаликавак со 30-21.

Иако во ростерот имаше само 11 ракометарки, Коњалти успеа да го добие натпреварот и на крајот да се радуваат на трофеј.

Гакидова и Ѓорѓиевска беа меѓу најдобрите на теренот и успеаја да постигнат четири, односно три погодоци.

Третата македонска репрезентативка во Коњалти, Моника Јанеска, во моментов паузира поради бременост.