Се приклучија Талески и Митревски – Македонија со „фул“ состав се остри за Фараните

Машката репрезентација на Македонија во комплетен состав се подготвува за големиот предизвик – бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на СП.

Селекторот Кире Лазаров од вчера смета и на капитенот Никола Митревски од Порто и Филип Талески од Бенфика.

Двајцата во саботата играа дерби во Португалија, вчера пристигнаа во Македонија и му се приклучија на националниот тим.

Македонската експедиција со чартер лет утре од 09:00 часот заминува за Торшавн, со попатна дестинација Хамбург, а во главниот град на Фарски Острови треба да пристигне околу 15:00 часот.

Првата средба меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.