🎥 Од Келце бесни на судиите – еве ја последната акција која носеше билет за Ф4

Европскиот вицепрвак Келце во реприза од финалето минатата сезона во ЛШ, беше елиминиран од шампионот Магдебург по пенал рулетот.

Полјаците имаа шанса и последен напад за реми во последните секунди, но немаше погодок и мечот отиде во пенал серија.

Од Келце се бесни на судиите Куртагиќ и Ветервик за последната акција, во која пикерот Каралек остана еден на еден со домашниот голман.

Но пред да ја прими Каралек топката од Дани Душебаев, двајца други играчи се во полето од шест метри (Турна од Келце и О’Саливен од Магдебург), па судиите се во право кога ја прекинаа играта.

Погодок во таа акција ќе значеше реми и билет за Ф4, но судиите ја прекинаа акцијата и ја вратија на девет метри.

Игор Карачиќ и Алекс Душебаев на колена ги молеа судиите да ја преиспитаат својата одлука, Талант Душебаев се држеше за глава…но тие останаа на своето.

Погледнете…