📷 Тешко му падна елиминацијата од ЛШ – Душебаев осамен во солзи…

Полскиот првак Келце беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите по драматичен дуел со Магдебург во пенал рулет.

По три сезони настапи во Келн на завршниот турнир во елитното натпреварување, тимот на Талант Душебаев нема да оди во јуни во Германија.

На шпанскиот стратег очигледно тешко му падна елиминацијата, па подолго време мина осамен во солзи во аголот на ходникот кај соблекувалната на Келце.

Но нема време за тагување бидејќи Келце веќе од утре до недела го очекува настапот на завршниот турнир во Купот на Полска.

По настапите во Купот на Полска и репрезентативната пауза, Келце ќе го одигра и финалето на плеј-офот од шампионатот против Висла Плоцк.