Две години по ставањето крај на играчката кариера, Едуарда Аморим Талеска ќе добие уште едно признание за нејзината големина.
На 4 мај, Ѓер, клубот во кој мина најголем дел од својата кариера и со кој петпати во низа ја освои Лигата на шампионите ќе го „пензионира“ нејзиниот број на дрес.
Тоа е дресот со број 18 во кој Аморим Талеска помина 12 сезони, од 2009 до 2021 година кога замина во Ростов Дон.
Покрај петте евро титули, бразилската интернационалка освои десет титули во Унгарија и 11 трофеи во Купот.
Одигра 457 натпревари за Ѓер и постигна 1742 погодоци. Таа ја заврши играчката кариера во 2022 година во дресот на ЧСМ Букурешт.