Актуелниот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го делат уште две кола до одбрана на титулата, a на претпоследниот дуел пред домашна публика, очекувано, заслужено и рутински го победи Тиквеш со 35-25 (18-14). Ги прескокнува „чекор по чекор“ скалилата што водат до трофејот, и останува само да ги добијата и двата следни натпревари, за да бидат сигурно дека пехарот ќе остане уште една сезона во нивните витрини.
Во следните две кола битолчани ќе гостуваат прво во Струга кај последнопласираниот тим на табелата, а потоа на 1 или 2 јуни пред домашна публика го пречкува актуелниот вицепрвак од Автокоманда. На тој меч би требало и да се додели шампионскиот пехар.
Од почеток до крај домашните ракометари имаат резултаска контрола и водство. Победата воопшто не беше доведена во прашање, а неизвесно беше само со колкава разлика ќе заврши тој меч. Брзо поведе Еурофарм Пелистер, па уште во 16 минута гостинскиот тренер Раде Стојановиќ мораше да бара тајмаут.
Но, ситуацијата не се смени многу, освен што од осум гола негатива на полувреме Тиквеше имаше само „минус 4“ (14-18). Се заканија гостите дека нема да с епредадат во вториот дел кога намалија на 21-18, ама тоа траеше кратко. Брзо Еурофарм Пелистер се врати на своите „плус 6“ и 43 минута имаше предност од 26-19.
Во 48 минута домашните стигнаа до „плус 9“ за водство 29-20, што беше веќе сигнал дека се е решено. Во последните десет минути пелистерци веќе има предност од 30-20. Тиквеше сега се бореше за што помал пораз. На крајот остана „десетката“ во мрежата на гостите од Кавадарци.
Богдан Радивојевиќ со 7 гола и Денис Васиљев со 5 беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, додека Срѓан Мијатовиќ даде пет во тимот на Тиквеш.
ТАБЕЛА