Еурофарм Пелистер е пред шампионска промоција, а клубот не крие дека атакува и на двојна круна. Истовремено 99-посто од екипата е ’скоцкана’ за следната сезона.
Македонскиот ракомет во новата сезона може да се случи да остане без претставник во Лигата на шампионите, затоа што сега немаме загарантирано место туку треба да бараме вајлд-карта. Што ако не ја добиеме?
„Првенствено ќе се стремиме да ја добиеме, тоа е нашата желба. Се претставивме како добри домаќини, за два месеци успеавме да ја средиме спортската сала, бевме и добри учесници иако резултатите не беа на високо ниво, и мислам дека имаме шанса да ја добиеме. Доколку не ја добиеме јас целам на највисоки цели. Тоа за мене ќе биде Ф4 во Европската лига. Во тој случај со мала доза на среќа во ждрепката, затоа што следната сезона ќе биде и таму силна конкуренцијата, па да успееме да стигнеме до Ф4. Еднаш како тренер сум играл на таква завршница и тогаш елиминиравме две големи екипи, верувам дека истото можеме и со Еурофарм Пелистер, кој има и потенцијал и квалитет да се носи со такви екипи,“ потенцира Звонко Шундовски.
Подолу прочитајте го целосното интервју на спортскиот директор на Еурофарм Пелистер…
ИНТЕРВЈУ ЗВОНКО ШУНДОВСКИ: Жалам што моите успеси со репрезентацијата сѐ уште се недостижни!