Тимот на Нант славеше против ПСЖ со 31-23 во финалето од Купот на Франција и го освои трофејот.
Ова е еден од највисоките порази на ПСЖ и Раул Гонзалес во последните осум сезони, а колку и да се трудеа „светците“ немаа решение за расположените ракометари на Нант.
Отвори Нант со водство од 6-0, ПСЖ за момент се врати и израмни на 7-7, но имаше негатива на паузата, 19-13.
Ниту Паличка, ниту Грин не беа моќни да ги запрат Калваканти кој постигна шест гола, како и Ривера, Брие, Мин…кои постигнаа по четири погодоци.