Ракометарите на Еурофарм Пелистер се на добар пат да ја одбранат шампионската титула, но за остварување на зацртаната цел ќе треба максимално да одработат до последното коло во плеј-оф фазата.
Избраниците на Бранко Ангеловски во недела ги очекува незгодното гостување кај Охрид, кој на првиот дуел, кој беше одигран во Битола, беше вистинска закана за пелистерци.
Битолчани со евентуален триумф во дуелот против „гладијаторите“ значително ќе ги зголемат шансите за нова титула. Поради важноста на овој натпревар, се очекува во Охрид да пристигнат голем број симпатизери на актуелниот шампион.
Навивачката група „Чкембари“ најави инвазија на Охрид, па така четата на Ангеловски ќе има голема поддршка од трибините во спортската сала „Билјанини Извори“.
Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 21 април во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.
Охриѓани ги пуштија во продажба билетите за дербито со Еурофарм Пелистер