Божиновски и Начевски ќе го судат „мечот на колото“ во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите кај дамите.

Македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат еден од најинтересните натпревари кој е прогласен од ЕХФ за „меч на колото“.

Тие се делегирани на натпреварот меѓу два тима што досега се искачиле на европскиот трон – Подравка и Ѓер.

Натпреварот меѓу хрватскиот и унгарскиот првак е закажан за 5 септември во салата „Јосип Самарџија Бепо“ од 18:00 часот.

Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот во Љубљана меѓу Крим и ЧСМ Букурешт на 5 септември од 16:00 часот.