Дербито на првото коло од новата суперлигашка сезона ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“, каде Охрид ќе го пречека Еурофарм Пелистер.
Охрид влегува во овој меч по поразот од Вардар во Супер Купот, додека пелистерци триумфираа над Дубочица Лесковац во последниот двобој од Регионалната лига.
Кружниот напаѓач на Охрид, Николаос Лиапис, верува во триумф на неговиот тим.
„Сакаме да победиме на домашен терен. Натпреварот е многу важен за нас. Знаеме дека Еурофарм Пелистер е силна екипа и дека ќе биде многу тешко. Ќе се бориме за секоја топка и со поддршката од нашите фанови оваа победа ќе биде наша“, изјави Лиапис.
Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра в недела во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.
























