Тимот на Бутел Скопје од ова лето отвори нова страница во клупската историја со легендарниот Стојанче Стоилов како предводник.
Покрај Стоилов, меѓу засилувањата во Бутел Скопје е голманот Марко Богдановски, кој минатата сезона освои двојна круна со Вардар.
Прв предизвик за бутелци во новата сезона ќе биде дуелот со Младост Богданци, а Богдановски вели екипата влегува подготвена за нови успеси.
„Поминавме одлични припреми со два доста добри турнири каде што имавме можност да припремиме се за сезоната што ни претстои, иако базата ни беше во Скопје се припремивме и физички и тактички одлично и влегуваме подготвени за секој предизвик“, вели Богдановски.
Новиот суперлигаш од Богданци, кој е предводен од Горан Андоновски, направи добар ростер ова лето, во последен момент донесе уште еден странец.
„Младост е добра екипа со одлични играчи на секоја позиција, со нив игравме на турнирот во Прилеп каде што победивме, но тоа не беше ни нивното ни нашето право издание, така да во сабота не очекува тешка битка за првите бодови но ќе се потрудиме максимално да останат во Бутел“, продолжи Богдановски.
Откако е дел од елитната конкуренција, Бутел Скопје секогаш игра во плеј-офот, а целта на клубот останува иста оваа сезона.
„Како и секоја сезона така и оваа амбициите се плеј-оф и што поголемо задржување во Европа, затоа што овој клуб и овие играчи го заслужуваат тоа“, заврши Богдановски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Младост Богданци ќе се игра утре од 12:00 часот во салата „Антон Димитров“.
























