Левото крило на Барселона, Хампус Ване, би можел да си замине од каталонскиот гигант по истекот на договорот.
Според „UPSkill“, Ване најверојатно ќе се пресели во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед во летото 2025 година.
Во ПИК Сегед ова лето доаѓа шведскиот тренер Микаел Апелгрен, негов асистент ќе биде Јонас Калман, па јасно која е конекцијата.
Во моментов во ПИК Сегед на левата крилна позиција играат Себастијан Фримел и Марин Јелиниќ.