Со одигрувањето на последното коло од квалификациите, комплетиран е списокот на учесници на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија.
Пред последното коло беа слободни уште десет места, а нив ги пополнија Украина, Чешка, Словенија, Србија, Исланд и Полска, додека најдобри четири меѓу третопласираните се Турција, Словачка, Португалија и Фарски Острови.
Ова е деби за селекциите на Фарски Острови и Турција, Португалија се враќа на ЕП откако играше 2008 во Македонија, а Словачка последен пат беше дел од ЕП 2014.
Од претходно покрај домаќините и европскиот првак Норвешка, пласман имаа обезбедено Романија, Хрватска, Германија, Холандија, Франција, Шпанија, Македонија, Црна Гора, Шведска и Данска.
ЕП ќе се игра во Инсбрук, Виена, Дебрецин и Базел од 28 ноември до 15 декември оваа година, а ждрепката за групите ќе биде на 18 април.
Квалификации за ЕП 2024, 6 коло, резултати:
група 1
Романија – Грција 31-24
Хрватска – Босна и Херцеговина 33-19
група 2
Германија – Израел 46-9
Словачка – Украина 25-25
група 3
Холандија – Финска 35-22
Чешка – Португалија 25-22
група 4
Франција – Летонија 53-9
Словенија – Италија 35-21
група 5
Шпанија – Азербејџан 42-16
Македонија – Литванија 34-24
група 6
Црна Гора – Бугарија 35-17
Србија – Турција 30-22
група 7
Шведска – Луксембург 47-18
Исланд – Фарски Острови 24-20
група 8
Полска – Косово28-17