Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денес оствари средба со сениорската репрезентација, како и со стручниот штаб на „црвено-жолтите“. Непосредно по враќањето на женската ракометна репрезентација од Баку, која во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024, триумфирајќи над домаќините на теренот, извојува пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов им се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир.
Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на Европското првенство преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари.
Ова е седмо континентално учество, а второ последователно на женската национална селекција на најсилното континентално натпреварување, откако во 2022 година Скопје беше еден од домаќините на Европското првенство. ЕХФ објави дека на 18 април во Виена, во 18:00 часот ќе биде извлекувањето на групите за континенталниот собир.
Избраничките на Кристијан Грчевски последниот натпревар од квалификациите ќе го одиграат в недела (7 април), а ривал ќе биде репрезентацијата на Литванија.Натпреварот меѓу Македонија и Литванија е закажан за 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски”. Влезот за сите љубители е слободен.
Македонија во елитно друштво – им се придружи на Норвешка, Данска, Шведска, Холандија…